СБ на ОН остро го осуди тестот со балистичка ракета на Северна Кореја

На крајот на преговорите Советот од 15 членки едногласно ја прифати декларацијата на САД

798811
СБ на ОН остро го осуди тестот со балистичка ракета на Северна Кореја

СБ на ОН остро го осуди тестот со балистичка ракета на Северна Кореја и ја повика да прекине со сите видови на нуклеарни активности

На повик на САД, Јапонија и Јужна Кореја, вчера СБ на ОН одржа вонредна седница. На седницата беше прочитана декларацијата која беше изготвена од страна на САД.

На крајот на преговорите Советот од 15 членки едногласно ја прифати декларацијата на САД.

Во декларацијата остро беше осуден тестот со ракета на Северна Кореја преку Јапонија и беше оценет како „надминување на правото“. Престапот беше оценет и како намерен насочен против регионалниот мир и стабилноста.

СБ на ОН е решителен во нуклеарното разоружување на Корејскиот полуостров, беше истакнато во декларацијата поради што од Северна Кореја беше побарано да ја почитува резолуцијата на СБ на ОН, да не врши тестови и да прекине со сите видови нуклеарни активности.

Во декларацијата беше потенцирано дека постигнувањето решение на проблемот е врзано за дипломатските и мировни методи.



Слични вести