Тилерсон :Трамп зборува во свое име

Шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон рече дека изјавите на претседателот Доналд Трамп околу расизмот се негови мислења

797829
Тилерсон :Трамп зборува во свое име

Шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон рече дека изјавите на претседателот Доналд Трамп околу расизмот се негови мислења.

Тилерсон во интервју за американскиот телевизиски канал Фокс Њуз се осврна на судирите меѓу расистичките и антирасистичките групи во Шарлотсвил.

Велеќи дека никој не би требало да се посомнева во американските вредности државниот секретар Тилерсон додаде дека нема место за расизмот во САД.

На потсетување на новинарот дека претседателот Трамп ги критикуваше и расистичките и антирасистичките групи Рекс Тилерсон одговори дека Трамп говори во свое име.

Инаку американскиот претседател Доналд Трам упати критики и на двете страни во коментарот по повод судирите меѓу расистичките и антирасистичките групи што избија во неколку градови во Америка.

Во интервјуто за телевизискиот канал Фокс Њуз американскиот државен секретар за надворешни работи Тилерсон се осврна на корејската криза и рече дека би сакале кризата со Северна Кореја да се надмине по дипломатски пат.

Тилерсон додаде дека е остварена коренита измена во стратегијата кон Авганистан и дека присуството на американските војници во Авганистан ќе зависи од условите а не од времето.

Тилерсон во оваа прилика уште еднаш ја повика Талибанската организација на масата и се закани дека борбата против терористичките организации ДЕАШ и Ел Каиде ќе продолжи се додека не се постигне победа.

 

 



Слични вести