Либерман:Израел нема да дозволи Техеран да го засили влијанието во Сирија и Либан

Оваа изјава на министерот Либерман се најде во фокусот на вниманието на светската јавност ,особено по посетата на премиерот Бенјамин Нетанјаху на Русија

796441
Либерман:Израел нема да дозволи Техеран да го засили влијанието во Сирија и Либан

Министерот за надворешни работи на Израел Авигдор Либерман изјави на еден состанок во Тел Авив дека Израел нема да дозволи Иран да го засили своето влијание во Сирија и во Либан. Израел нема да се предаде ситуација која сака да ја воспостави Техеран во Сирија и во Либан, подвлече Либерман.

Подвлекувајќи дека Техеран настојува да воспостави една нова состојба во Сирија, министерот Либерман рече : Иран преку Револуционерната гарда планира да изгради воздушни и поморски бази на територија на Сирија, а во Либан да произведува модернизирано оружје.Секако дека Израел нема да го дозволи тоа.

Оваа изјава на министерот Либерман се најде во фокусот на вниманието на светската јавност ,особено по посетата на премиерот Бенјамин Нетанјаху на Русија и неговата изјава пред тамошните медијуми во врска со резервираноста околу Иран.

Како што е познато премиерот Бенјамин Нетанјаху во разговор со својот домаќин претседателот на Русија Владимир Путин во Сочи  изјави: Зајакнувањето на Иран во Сирија претставува директна закана за Израел, Блискиот исток и целиот свет.

 

 

 



Слични вести