Продолжуваат оставките во САД

16 членови на Комитетот за култура во знак на протест против претседателот Доналд Трамп поднесоа оставки

793838
Продолжуваат оставките во САД

Освен зетот и советникот Жаред Кушнер, скоро целата екипа блиска екипа на Белата куќа се одвои од Диналд Трамп па дури и членовите на Комитетот за култура.

16 членови на Комитетот за култура во знак на протест против претседателот Доналд Трамп поднесоа оставки.

Комитетот за култура составен од 16 угледни членови од светот на американски уметници, писатели и архитекти, по насилничките демонстрации во Шарлотвил итакнаа дека поднесуваат колективна оставка во знак на протест на екстремно десничарските националистички политики на претседателот Трамп.

Меѓу членовите на Комитетот се наоѓаат познатиот уметник Чак Клос, писател Џумпа Лахири, архитектот Том Мејн и актерот на мјузиклот Џерси Бојс, Џон Лојд Јанг. Сите 16 членови испратија писмо со оставки до претседателот Трамп.

Членовите на комитетот во писмата истакнаа дека по поддршката на групите на омраза и терористите кои што учествуваа во убиството и повредувањето на Американците во Шарлотсвил, заслужуваат најсилна осуда и обвинување.

Членовите во писмото потенцираа дека заштитата на супериорноста на една група, дискриминацијата и горлчиви зборови не се американски вредности и придибивки. Вашите вредности не се американски вредности. Ние треба да бидеме подобри од нив. Ние и сме подобри од нив. Ако овие за вас не се отворени, тогаш и вас ве каниме да поднесете оставка.



Слични вести