Вооружен напад на една болница во Гватемала

Полицијата соопшти дека уапси 5 лица за кои постои сомнение дека го извршиле нападот

791557
Вооружен напад на една болница во Гватемала

Во огнот што го отворија вооружени лица на Болницата Рузвелт во Гватемала загинаа 7 лица.

Заменик директорот на болницата во Гватемала рече дека во нападот беше повредено и едно 12 годишно дете чија здравствена состојба е тешка.

И претходно беа извршени слични напади на болницата рече заменик директорот и упати повик до властите да преземат дополнителни безбедносни мерки.

Полицијата соопшти дека уапси 5 лица за кои постои сомнение дека го извршиле нападот и дека истите припаѓале на четата Мара Салватруча.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работ на Гватемала беше истакнато дека целта на нападот на напаѓачите беше да го спасат лидерот Андерсон Даниел Кабрера Џифуентес кој од затвор бил префрлен во болницата за извршување некои здравствени тестови.



Слични вести