Турција е неоткажлив партнер за Велика Британија

Посетата на британскиот министер Данкан на Турција ќе биде фокусирана особено кон науката и технологијата како и соработката меѓу Британија и Турција

790950
Турција е неоткажлив партнер за Велика Британија

Британскиот државен министер за Европа Ален Данкан рече дека Турција е неоткажлив партнер за неговата земја.

Уште еднаш го осудувам минатогодишниот обид за воен преврат кој настан претставува стравотна навреда врз турската демократија. Британија како блиска пријателска земја на Турција е спремна да ја подржи Турција во напорите за заштита на демократијата, рече Данкан.

Во соопштението кое беше објавено од страна на британското министерството беше истакнато дека посетата на Данкан на Турција кој допатува синоќа, ќе трае до 17 август.

Во соопштението беше истакнато дека посетата на британскиот министер Данкан на Турција ќе биде фокусирана особено кон науката и технологијата како и соработката меѓу Британија и Турција. Британија чувствува големо задоволство од поддршката на Фондот Њутн со буџет од 4 милиони фунти кој претставува најголема програма за билатерална научна соработка во Турција.

Министерот Данкан во рамките на посетата ќе оствари средби со претставниците на владата и главната опозициона партија, невладините организации и новинарите. Исто така ќе се состане и со членовите на хуманитарната организација која се финансира од страна на Британија со цел на сириските деца да им се обезбеди пристап до образованието.

Ова е четврта посета на министерот Данкан на Турција во последните година дена.



Слични вести