31 лице загина за време на аџилакот на светите територии

614 илјади лица допатувале по воздушен пат, 8 илјади по копнен, а 48 по морски пат

789424
31 лице загина за време на аџилакот на светите територии

Според веста на официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија „СПА“, Дирекцијата за пасоши соопшти дека за време на аџилакот на муслиманите кои допатувале во земјата, загинале 31 лице од странско потекло.

Во соопштението не беше објавено нешто поконкретно во врска со причината за смртта на аџиите.

Во соопштението на дирекцијата за пасоши беше истакнато дека годинава 614 илјади лица допатувале по воздушен пат, 8 илјади по копнен, а 48 по морски пат.

Според официјалните податоци на Саудиска Арабија, лани светите територии биле посетени од страна на 1,9 милион лица.



Слични вести