Спречен балистички напад на Хусите во Јемен

Балистичка ракета која била истрелана на Мариб од страна на Хусите, била пресретната и уништена од одбранбените системи на коалицијата

785654
Спречен балистички напад на Хусите во Јемен

Прес центарот на Вооружените сили на Јемен соопшти дека балистичка ракета која била истрелана на Мариб од страна на Хусите била пресретната и уништена од одбранбените системи на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Градот Мариб во Јемен е значаен бидејќи во него е сместен раководниот центар на јееменската армија.

Во истото соопштение се додава дека во инцидентот немало загинати или повредени.

Инаку бинтовниците хуси во Јемен кои извршја воен удар во земјата,од семптемри 2014 година го контролираат главниот град Сана и неколку други области.

Силите на коалицијата предводени од Саудиска Арабија од март годинава ги поддржуваат владините сили кои што се борат против бунтовниците Хуси.

 

 



Слични вести