На 6 и 7 август Турција и Катар ќе одржат заедничка поморска вежба

Командантот на емирските поморски сили на Катар контраадмиралот Мухамед Бин Насир ал-Мухенеди во понеделник ја посети турската фрегата ТЏГ Ѓокова

783478
На 6 и 7 август Турција и Катар ќе одржат заедничка поморска вежба

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за одбрана на Катар, командантот на емирските поморски сили на Катар контраадмиралот Мухамед Бин Насир ал-Мухенеди во понеделник ја посети турската фрегата ТЏГ Ѓокова која е усидрена во пристаништето Хамед југоисточно од главниот град Доха.

Во рамките на посетата Мухенеди од штабниот полковник Хасан Озјурт се стекна со информации за технолошката опременост и наоружување на фрегатата.

На средбата беше постигната координација вежбата да се одржи на 6 и 7 август.

Фрегатата ТЏГ Ѓокова која е поврзана за Командата на турската морнарица во понеделник заедно со воениот персонал од 214 лица се усидри во пристаништето Хамед од каде што ќе учествува на заедничката поморска вежба меѓу двете земји.



Слични вести