Трамп ја потпиша одлуката за воведување санкции кон Русија

Го одобрувам преземањето на постоги мерки кон режимите во Техеран и Пјонгјанг заради казнување и спречување на нивните лоши активности, напиша Трамп во соопштението.

783021
Трамп ја потпиша одлуката за воведување санкции кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја потпиша одлуката за воведување на построги санкции кон Русија.

Неименуван официјален претставник на Белата куќа потврди дека првиот човек на САД, Трамп, ја потпишал и со тоа ја потврдил одлуката за заострување на американските санкции ккон Русија, која неодамна ја усвои американскиот Конгрес. Пакетот на санкции кои ги потпиша Трамп вклучува и санкции кон Иран и Северна Кореја.

Пакетот нови санкции на САД кон Русија вклучуваат поостри финансиски санкции, а официјална Москва веќе договори редуцирање на бројот на американските дипломати во Русија.

Во писменото соопштение Трамп го истакна следното:

„Го одобрувам преземањето на постоги мерки кон режимите во Техеран и Пјонгјанг заради казнување и спречување на нивните лоши активности.Освен тоа подвлекувам дека нема да се толерира интервенција врз американските демократски процеси,како и тоа дека ќе бидеме покрај нашите сојузници и пријатели наспроти руските уништувачки и дестабилизирачки активности“.

 

 



Слични вести