Русија ја предупреди Америка во врска со Украина
Сите земји кои што се ангажираат за решавање на кризите во светот, најпрвин самите треба да се откажат од активности кои би можеле да предизвикаат нов бран на напнатост

Русија ја предупреди Америка да се држи настрана од евентуални активности кои би можеле да предизвикаат нов бран на напнатост.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на прес конференцијата во врска со информациите дека Америка на Украина ќе и испорача противтенковски ракети и низа друг видови оружје рече дека сите земји кои што се ангажираат за решавање на кризите во светот, најпрвин самите треба да се откажат од активности кои би можеле да предизвикаат нов бран на напнатост.
Геополитичките дискусии не треба да претставуваат основа за изнесување коментари во однос на прашањето, рече Песков и потенцираше дека многу добро е познат ставот на Русија, поради што упати повик до САД да се држи далеку од евентуални активности кои би можеле да ги зголемат тензиите.