Организацијата за исламска соработка ги осуди провокативните акции на Израел

Во заклучната декларација на состанокот беше подвлечено на примерната верска толеранција во Ерусалим во минатото

781990
Организацијата за исламска соработка  ги осуди провокативните акции на Израел

Вонредниот извршен совет на министерската конференција на Организацијата за исламска соработка во Истанбул остро ги осудија провокативните акции на Израел во последно време.

Во заклучната декларација што беше објавена по состанокот на Вонредниот извршен совет на Организацијата кој беше свикан на повик на Турција беше подвлечено на примерната верска толеранција во Ерусалим кој во минатото со векови беше под управа на исламот.

Џамијата Ал Акса е првата кибла и еден од трите најсвети џамии на исламот. Ерусалим има големо верско и духовно значење за муслиманскиот уммет беше истакнато во декларијата и беше акцентирано на решителноста против сите закани чија причина е израелската колонизаторска окупација.

Остро ги осудуваме сите провокативни акции на Израел во последно реме како што се обидите за затворање на Ал Акса, ограничувањето на основните и природни права на палестинските муслимани и христијани за ибадет во светите храмови, спроведувањето колективна казна како и обидите за забранување на остварувањето на правото на мировен ибадет на Палестинците со закана со смрт и употреба на прекумерна сила, беше подвлечено во соопштението.



Слични вести