Изјава од Тилерсон во својство на признание

Рускиот претседател Владимир Путин оваа одлука ја донесе со цел да се урамнотежи одлуката на поранешниот американски претседател Барак Обама

782209
Изјава од Тилерсон во својство на признание

Американскиот министер за надворешни работи Рекс Тилерсон даде изјава која личи на признание.

По одлуката на САД за преземање нови санкции против Русија, Тилерсон рече дека и самиот не е задоволен од претседателот Доналд Трамп.

Американскиот министер посочи дека односите со Русија се наоѓаат на ниво на напнатост.

Рекс Тилерсон на прес конференцијата во Министерството за надворешни работи направи осврт на американската надворешна политика.

На едно прашање на новинарите во врска со одлуката на Русија за намалување на бројот на американскиот дипломатски персонал во земјата на 755 лица, односно дали истата ќе предизвика влошување на односите меѓу двете земји, Тилерсон рече дека рускиот претседател Владимир Путин оваа одлука ја донесе со цел да се урамнотежи одлуката на поранешниот американски претседател Барак Обама за протерување на 35 руски дипломати од Америка.

Усвојувањето нови санкции од страна на САД против Русија, секако дека го задржува правото Путин да даде одговор на истите од тој датум наваму, рече Тилерсон и потенцираше дека народот во Русија придава големо значење на чекорите на Путин. Затоа мислам дека Путин беше принуден да фрли симетричен чекор наспроти санкциите.

Тилерсон потенцираше на значењето на усвојувањето на нацрт-законот за спроведување нови санкции врз Русија кој минатата недела беше усвоен со големо мнозинство и кој ќе биде ратификуван од страна на претседателот.

Ниту јас ниту претседателот не сме задоволни од санкциите и чекорите што ги презема и фрла конгресот. Гледано од аспект на нашите напори, ние отворено и јасно потенциравме дека санкциите нема да бидат од корист. Но тоа е одлука на конгресот и истата беше усвоена со големо мнозинство, потенцираше Тилерсон.



Слични вести