Израел постепено се насочува кон фашизам

Сите оние кои чувствуваат загриженост од судбината на земјата треба да го подржат овој голем и умерен блок

780670
Израел постепено се насочува кон фашизам

Лидерот на израелската опозиција Изак Ферзог рече дека „земјата постепено се насочува кон фашизам“ и дека „е во опасност иднината на државата како демократска држава“.

Според веста на израелскиот весник „Џерусалем пост“, лидерот на левичарскиот Блок на ционистичка унија Херзог во говорот на една манифестација во Тел Авив рече:

Поминуваме низ еден период на израелската политика кога се фашизира. Израел се претвора во фашистичка држава.

Сите оние кои чувствуваат загриженост од судбината на земјата и сакаат да го спречат фашизирањето на земјата, треба да го подржат овој голем и умерен блок со цел да се спречи овој тренд, рече Херзог.

Треба да го промениме режимот за да ја спасиме израелската демократија од фашизмот, рече Херзог и потенцираше дека уметниците на десничарската влада под лидерство на Бинјамин Нетанјаху им се закануваат на Врховниот суд и ги отпуштаат од работа новинарите.

Изак Херзог меѓудругото рече дека медиумските куќи и организации се затвораат од страна на владата и дека академиците кои беа изложени на закана, сега се плашат да зборуваат.



Слични вести