Нетанјаху:Време е да се примени смртна казна за Палестинците кои напаѓаат Израелци

Нетанјаху додаде дека е време терористите да бидат осудени на смртна казна.

779187
Нетанјаху:Време е да се примени смртна казна за Палестинците кои напаѓаат Израелци

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанхају изјави дека е време да се примени смртна казна за Палестинците кои напаѓаат Израелци.

Нетанјаху оваа изјава ја даде после посетата на домот на  тројцата Израелци кои минатиот петок беа убиени од страна на Палестинци во населеното место Неве Тсуф (Халамиш) јужно од Рамалах.

Нетанјаху додаде дека е време терористите да бидат осудени на смртна казна.

Според Нетанхају за да се примени смртната казна претходно треба да се постигне консенцус меѓу судиите, кои секако дека го бараат мислењето на владата.

Инаку смртната казна постои како санкција во правниот систем на Израел, но не се применува бидејќи се коси со верските учења на еврејскиот народ. Наместо смртна казна се применува затворска казна од по стотина години.

Во напад со нож минатиот петок во еврејската населба Неве Тсуф кај Рамалах биле убиени тројца еврејски доселеници а еден бил повреден.

Напаѓачот Омер Ел Абд бил ранет од огнот отворен од страна на израелски војници и нешто потоа притворен.

 



Слични вести