Свинска глава обесена пред една џамија во Понт Де Беаувоизон во Франција

Здружението на џамијата соопшти дека ќе поднесе кривична пријава додека полицијата започна истрага во врска со нападот

776464
Свинска глава обесена пред една џамија во Понт Де Беаувоизон во Франција

Пред една џамија во јужното француско гратче Понт-де-Беаувоисин беше обесена свинска глава

Според веста на локалниот весник „Le Dauphine“, вчера наутро верниците кои се собраа пред џамијата да го клањаат утринскио намаз се соочија со една свинска глава која беше обесена на портата.

Здружението на џамијата соопшти дека ќе поднесе кривична пријава додека полицијата започна истрага во врска со нападот.

Џамијата која и претходно беше изложена на напад, во 2014 година беа напишани расистички написи.



Слични вести