Сирија и борбата против тероризмот главна тема на средбата Трамп - Макро

Односите меѓу Трамп и Макро се доста поволни

769393
Сирија и борбата против тероризмот главна тема на средбата Трамп - Макро

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ќе отпатува во посета на Франција каде што ќе се состане со претседателот Емануел Макро и ќе разговараат за Сирија и борбата против тероризмот.

Висок претставник на Белата куќа на конференцијата за печатот ги информираше новинарите за претстојната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Парис.

Трамп на средбата со францускиот колега Макро ќе разговараат за билатералните односи и регионалните прашања, додека последната состојба во Сирија како и борбата против тероризмот ќе биде главна тема на средбата.

Односите меѓу Трамп и Макро се доста поволни рече високиот претставник на Белата куќа и потенцираше дека покрај тоа што повремено на случувањата можеме да имаме различни погледи и ставови, сепак во однос на голем број прашања споделуваме заеднички мислења и ставови.

Во рамките на посетата на Франција претседателот Доналд Трамп на 14 јули во петок ќе учествува и на свеченостите по повод националниот празник на оваа земја.



Слични вести