Треба да се има искрен и праведен став кон минатото

Оваа година истовремено ќе биде предвесник за затворањето на портите на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија

768303
Треба да се има искрен и праведен став кон минатото

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во пораката по повод 22 годишнината од масакрот на српската армија во војната во Босна рече дека треба да се има искрен и праведен став кон минатото.

Гутереш потсети дека од најголемиот зулум на европските територии по формирањето на геноцидот во Сребреница поминаа 22 години.

Оваа година истовремено ќе биде предвесник за затворањето на портите на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија кој беше формиран од страна на ОН за судење на сите оние кои што извршија сериозно прекршување на меѓународното право на териториите на поранешна Југославија, рече Гутереш и потенцираше:

Денес се сеќаваме и им оддаваме почит на илјадници мажи и машки деца кои беа убиени. Ја изнесуваме солидарноста со семејствата и пријателите кои ги загубија блиските. Грозоморните случувања кои се случија во јули 1995 година во Сребреница се историски факти кои сеопфатно беа докажани. Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија и Меѓународниот суд за правда, двата суда усвоија заедничка одлука според која случувањата претставуваат геноцид. Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија ја утврди кривичната одговорност за различни лица за масакрот во Сребреница и истите ги осуди за геноцид. Затоа искрено и праведно треба да се гледа на минатото со цел да се спречат овој вид зулуми. Неприфатлива е улогата на луѓето кои дозволуваат да се формираат и остварат вој вид злосторства, рече Гутереш.

Треба да се соочиме со вистината и Меѓународната заедница и ОН да ја прифатат одговорноста во врска со трагедијата во Сребреница, рече Гутереш и подвлече дека многу работа за извлекување поуки од неуспесите.

За изградба подобра заедничка иднина, трагедиите во минатото треба да се прифатат од страна на овие заедници рече Гутереш и изрази решителност за поддршка на напорите за постигнување одржлив мир, правда и дигнитет.



Слични вести