Париското метро преплавено од надојдената вода

Повеќе од 20 метро станици утрово осамнаа под вода во Париз главниот град на Франција

767943
Париското метро преплавено од надојдената вода

Повеќе од 20 метро станици утрово осамнаа под вода во Париз главниот град на Франција, јавуваат новинските агенции.

Надлежните органи се на теренот и работат на испумпување на водата од метро станиците, но сѐ уште не се знае кога може да бидат отворени овие станици.

Поплавени се и приземните катови на многу згради во Париз, а пак противпожарните служби и службата за цивилна заштита се на теренот.

Поројните врнежи во централниот дел на Франција предизвикаа поплави и излевање на помалите реки од коритата.

Службата за хидрометеоролошки работи на Франција вчера издаде портокалов метеоаларм за областа на Париз, а поројни врнежи се очекува да има и во текот на денот.

 



Слични вести