Во Хамбург започна самитот на Г-20

Канцеларката на Германија Ангела Меркел како домаќин на самитот ги пречека гостите во Конгресниот центар во просториите на Саемот во Хамбург.

766574
Во Хамбург започна самитот на Г-20

Во Хамбург ,Германија започна самитот на најбогатите и најмоќните држави во светот Г-20.

Канцеларката на Германија Ангела Меркел како домаќин на самитот ги пречека гостите во Конгресниот центар во просториите на Саемот во Хамбург.

По пречекот се одржа состанок на тема „Борба против тероризмот“.

По состанокот лидерите се  фотографираа на групна фотографија,по што се примина на вториот тематски состанок посветен на „Глобалниот раст и трговијата“.

Третиот тематски состанок посветен на „Обновата во континуитет,климата и енергијата“ ќе се одржи во доцните попладневни часови, по што лидерите учесници на самитот ќе уживаат во звуците на класичната музика во концертната дворана Елбфилхармонија.

Утре,вториот ден од самитот во утринските часови ќе се одржи состанок на тема “ Партнерство со Африка, миграции и здравје“. По овој тематски состанок после мала пауза ќе се одржи четвртиот состанок на тема „ Дигитализација, подобрување на положбата на жената и вработување“.

Се очекува утре на крајот од самитот да се приреди конференција за печатот.

 



Слични вести