Протести во Хамбург против Г-20

Во Хамбург не допатуваа само светските лидери учесници на самитот Г-20, туку и голем број групи противници на Г-20.

766657
Протести во Хамбург против Г-20

Во Хамбург не допатуваа само светските лидери учесници на самитот Г-20, туку и голем број групи противници на Г-20.

На улиците на Хамбург деноноќно се случуваат суриди меѓу овие групи и полицијата.

Во инцидентите биле повредени над 100 лица од кои повеќето полицајци.

Настрадале и голем број паркирани возила во градот.

До пораст на напнатоста дојде кога групите демонстранти сакале да влезат во центарот на градот и пристаништето.

Полицијата презеде жестоки мерки.

Печатот во Германија соопшти дека демонстрантите започнале протестно седење на патот по кој требало да помине американскиот претседател Доналд Трамп, но полицијата веднаш реагирала и ги спречила.Се  додава дека возилото на Трамп го применило правецот и се упатило на заокружен пат.

Министерот за економија на Германија бил приморан да откаже неколку свои активности поради пораст на насилството во Хамбург.

За утре,вториот ден од самитот на Г-20 во Хамбург се очекуваат посилни протести.

 



Слични вести