Најмалку 8 лица повредени во вооружен напад пред џамија во францускиот град Авињон

Двајца напаѓачи синоќа околу 22.30 часот пред џамијата во квартот Гранд Орел во Авињон ,на југот на Франција отвориле оган на луѓето пред џамијата Рахмет

763461
Најмалку 8 лица повредени во вооружен напад пред џамија во францускиот град Авињон

Најмалку 8 лица биле повредени во вооружен напад синоќа пред џамија во францускиот град Авињон.

Двајца наоаѓачи синоќа околу 22.30 часот пред џамијата во квартот Гранд Орел во Авињон на југот на Франција отвориле оган од оружје на луѓето пред џамијата Рахмет во време кога верниците излегувале од вечерната молитва.

Маскираните напаѓачи пред џамијата раниле 4 лица а потоа пукале на еден станбен објект во близината каде биле ранети уште четворица, јавува францускиот весник Ла Провенс.

Полицијата покрена истрага за пронаоѓање на напаѓачите и заради утврдување на причината за нападот.

Во близина на Париз пред три дена еден терорист се обидел со возило со кое управувал да влезе во дворот пред џамија каде што се наоѓале верници на излегување од молитва.

 



Слични вести