Стартува спроведувањето на проширените безбедносни санкции врз меѓународните летови

САД ќе ги зголеми видливите и невидливи превентивни мерки во сите меѓународни летови

761276
Стартува спроведувањето на проширените безбедносни санкции врз меѓународните летови

Во САД ќе стартува спроведувањето на проширените безбедносни санкции врз сите директни меѓународни летови.

Министерот за внатрешна безбедност на САД Џон Кели во говорот на состанокот кој беше одржан од страна на тинк-тенк здружението Нов американски безбедносен центар во Вашингтон рече дека презеле нови мерки и санкции против заканата од тероризмот која секој изминат ден се повеќе расте и наспроти евентуалната можност од активирање на експлозивните средства во аеродромите.

Кели без да даде име на некоја одредена држава или регион рече дека ќе ги зголемат видливите и невидливите превентивни мерки во сите меѓународни летови.

Кели без да навлегува во детали рече дека проширените безбедносни санкции опфаќаат сеопфатна безбедна контрола, поголем број единици К9, уреди за визуелизација со висока технологија, сослушување на сомнителните патници како и спроведување поинтензивни безбедни мерки врз авионите уште пред да полетаат.

Кели потенцираше дека меѓу санкциите се наоѓа и забраната за лаптоп компјутери. Сите аеродроми кои се придржуваат на проширените безбедносни мерки нема да бидат изложени на оваа закана, додека оние кои што не ги спроведуваат предвидените мерки, ќе бидат изложени на забраната.

Во врска со податоците за патниците Кели рече дека сите оние земји кои недоволно ќе соработуваат со американските власти ќе бидат изложени на поголеми санкции.

Американската администрација на 21 март усвои одлука за забрана за носење мобилни телефони и големи електронски уреди за време на патувањето на патниците за САД санкции врз авиокомпаниите на 10 земји од Блискиот Исток и Африка, додека само одреден период беше изнесено дури тврдењето дека истата забрана постои можност да се спроведе и врз авиокомпаниите на некои европски земји.



Слични вести