Трамп:Одлуката на Врховниот суд претставува победа во поглед на националната безбедност.

Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ја разгледа забраната на Трамп за влегување во САД на државјаните од државите со мнозинско муслиманско население

759986
Трамп:Одлуката на Врховниот суд претставува победа во поглед на националната безбедност.

Врховниот суд на САД соопшти дека претходната забрана на американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со влегувањето во САД на државјаните од шесте држави со мнозинско муслиманско население Либија, Иран, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен, делумно ќе остане на сила.

Судот соопшти дека ќе ја разгледа забраната на Трамп за влегување во САД на државјаните од државите со мнозинско муслиманско население. Врохвниот суд наведе дека првото рочиште ќе биде одржано во октомври. Се додава дека тогаш на сеопфатен начин ќе биде разледано прашањето на законитоста на забраната на Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека одлуката на Врховниот суд на САД, според која претходната забрана во врска со влегувањето во САД на државјаните од шесте држави со мнозинско муслиманско население, делумно останува на сила, претставува победа во поглед на националната безбедност.

„Едногласната одлука на Врховниот суд на САД, донесена денеска, претставува отворена победа во поглед на националната безбедност. Оваа одлука во голема мерка дозволува запирање на влегување во земјата на мигрантите и граѓаните од шест земји коишто се склони на тероризмот", истакна Трамп.

Трамп нагласи исто така дека е негова должност, како што се наведува во соопштението, да ја штити државата од закани.



Слични вести