САД апелира на дијалог за надминување на кризата помеѓу Катар и одредени арапски земји

Рекс Тилерсон ја нагласи потребата за дијалог заради надминување на недоразбирањата меѓу страните

759683
САД апелира на дијалог за надминување на кризата помеѓу Катар и одредени арапски земји

САД апелира на дијалог за надминување на кризата помеѓу Катар и одредени арапски земји.

Шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон во писмено соопштение истакна дека Катар ги зема на разгледување барањата на Бахреин, Египет, Саудиска Арабија и на Обединетите Арапски Емирати.

Ставајќи го акцентот на важноста на барањата поднесени до властите во Доха, Тилерсон ја нагласи потребата за дијалог заради надминување на недоразбирањата меѓу страните.

Освен тоа Тилерсон ги извести страните дека САД ќе биде во близок контакт со нив и дека ќе продолжи да ги поддржува посредувачките иницијативи на Кувајтскиот Емир.

 

 



Слични вести