Израел по втор пат ја ракетираше Сирија

Биле погодени две воени бази на сириската армија и еден воен камион шлепер кој превезувал оружје

759569
Израел по втор пат ја ракетираше Сирија

Под изговор дека одговара на испуканите ракети од Сирија, Израел по втор пат ја ракетираше Сирија.

Израелската армија соопшти дека биле погодени две воени бази на сириската армија и еден воен камион шлепер кој превезувал оружје.

Израелската армија порано имаше јавено дека поради воениот конфликт во Сирија која се уште трае неколку проектили по грешка паднале на северот од Голандската висорамнина.

Инаку поради граѓанската војна во Сирија израелските власти порано неколку патии имаа соопштено дека биле преземени превентивни мерки заради заштита на цивилите на Голандската висорамнина.

 

 

 



Слични вести