Повик од Британија до заливските земји за смирување на тензиите

Премиерката Меј на разговорите упати повик до сите страни да започнат дијалог во врска со ембаргото што се спроведува врз Катар

754045
Повик од Британија до заливските земји за смирување на тензиите

По кризата меѓу некои арапски земји и Катар која предизвика раст на тензиите во регионот, Британија упати повик до Саудиска Арабија, Бахреин и Катар да фрлат конкретни чекори за надминување на кризата.

Синоќа британската премиерка Тереза Меј одржа посебни телефонски разговори со лидерите на Саудиска Арабија, Бахреин и Катар.

Во соопштението кое беше објавено од страна на владата на Велика Британија беше истакнато дека премиерката Меј на разговорите упати повик до сите страни да започнат дијалог во врска со ембаргото што се спроведува врз Катар и што поскоро да се обнови единството меѓу земјите членки на Советот за заливска соработка.

Меј меѓудругото рече дека Катар треба да продолжи со напредокот што го постигна заедно со заливските земји во борбата против радикализмот и тероризмот во регионот.



Слични вести