Експлозија во детска градинка во Кина
Експлозијата се случи во една детска градинка во месноста Фингшиен во кинеската провинција Џиангсу
753499

Во експлозијата во детска градинка во источна Кина според првите претпоставки загинаа 7 лица.
Властите соопштија дека во експлозијата 59 лица беа повредени.
Според веста на агенцијата Синхуа, експлозијата се случи во една детска градинка во месноста Фингшиен во кинеската провинција Џиангсу.
Експлозијата се случи за време кога мајките ги земаа децата од градинката.
Екипите за итна медицинска помош продолжуваат со активностите за спасување на повредените, додека екипите на полицијата со утврдување на причините за експлозијата.
Слични вести

Шолц: „Сигурен сум дека Путин не може да победи“
Германскиот премиер изјави дека Путин ја потцени солидарноста и моќта на НАТО, Европската унија и Г7