Пожарот во Лондон земен под контрола

Сеуште не е утврдено колку лица исчезнаа во пожарот

752277
Пожарот во Лондон земен под контрола

Пожарот што избувна во една 27 катна зграда во западен Лондон, утринава беше земен под контрола.

30 повредени лица беа префрлени во болница на хоспитализација. Сеуште не е утврден бројот на исчезнатите лица во пожарот.

Пожарот започна синоќа по полноќ според локално време.

Пожарот за многу кратко време ја зафати целата зграда.

За гасење на пожарот во зградата која е позната како кулата Гренфел беа испратени над 40 противпожарни возила и околу 200 пожарникари.

Пожарот беше земен под контрола дури околу 06.00 часот според локално време.

Сеуште не е утврдено колку лица исчезнаа во пожарот.



Слични вести