Мавританија се приклучи кон земјите кои ги прекинаа дипломатските односи со Катар

МНР на Мавританија соопшти дека Исламската Република Мавританија секогаш се залага за одбрана на арапските интереси

747273
Мавританија се приклучи кон земјите кои ги прекинаа дипломатските односи со Катар

Мавританија се приклучи кон земјите кои ги прекинаа дипломатските односи со Катар.

Официјалната новинска агенција на Мавританија АМИ соопшти дека се прекинуваат дипломатските односи со Катар бидејќи оваа земја инсистира на својата досегашна политика.

МНР на Мавританија соопшти дека Исламската Република Мавританија секогаш се залага за одбрана на арапските интереси.

Во соопштението се додава дека Катар се спротивставува на заедничките арапски интереси, дека вложува напори да шири хаос и несигурност во арапските земји и дека предизвикува ширење на човечки кризи.

Инаку досега Саудиска Арабија, Египет, Бахреин,Обединетите Арапски Емирати, Јемен, Либија и Малдивите ги прекинаа дипломатските односи со Катар. Сите овие земји го блокираа воздушниот и поморскиот вообраќај со Катар.

На катарските дипломати во овие земји им беше наредено да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, а на катарските цивили рок од 14 дена. Исто така беше соопштено дека престанува да важи учеството на Катар во Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен во борбата против Хусите.

Јордан соопшти дека дипломатските односи со Катар ги сведува на пониско ниво,воедно ги затвори работните простории и студија на телевизијата ел Џезире во Катар.

Мароко соопшти дека нејзината кралска авионска компанија ги укинува трансфер линиите преку Доха за земјите кои ги прекинаа дипломатските односи со Катар.

 



Слични вести