ОН до Изразел: Прекини со окупацијата на Палестина!

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш објави писмено соопштение по повод 50 годишнината од израеслката окупација на Палестина

746439
ОН до Изразел: Прекини со окупацијата на Палестина!

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш упати повик до Израел да прекине со 50 годипната окупација на Палестина. Гутереш истакна дека единствен начин да се фрлат темелите на траен мир на Блискиот исток е стопирање на израелската окупација на Палестина и формирање на бизонална држава за која веќе се водени преговори.

Гутереш објави писмено соопштение по повод 50 годишнината од израеслката окупација на Палестина.

Во соопштеноето се подвлекува дека окупацијата му предизвикува тешко бреме на палестинскиот народ,кој од генерација во генерација е принуден да живее во кампови за бегалци.

Окупацијата го обликува животот како на Палестинците така и на Израелците, ја поттикнува осветата ,така да доколку продолжи окупацијата тоа ќе ги уништи надежите на Палестинците за сопствена држава, но и желбата на Израелците за признавање на нивната регионална безбедност и стабилност.

Гутереш додаде:

Единтвен пат за остварување на сонот на Палестинците за сопствена држава и на сонот на Израелците за признавање на нивната регионална безбедност и стабилност е престанување на израелската окупација на палестинските територии од 1967 година и формирање на бизонална држава.Само на овој начин палестинскиот народ може да ги оствари сопствените права.

Време е да се престане со меѓусебните судири и формирање на независна палестинска држава.Време е Израел и Палестина да живеат во мир и во безбедност еден покрај друг.Решавањето на Блискоисточното прашање ќе го реши проблемот со тероризмот во регионот, и ќе ги отвори вратите за почитување на човековите права,соработката,безбедноста и просперитетот.

 



Слични вести