Голема напнатост во Заливот

Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа сите дипломатски односи со Катар

745899
Голема напнатост во Заливот

Наведените земји ги затворија поморските и воздушни граници со Катар.

Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија во врска со одлуката соопшти дека беше усвоена за заштита на националната безбедност.

Одлуката беше усвоена врз база на сериозните јавни и тајни прекршувања од страна на Доха, поддршката на терористичките организации, одобрувањето вршење пропаганда на терористичките организации во медиумите, поддршката на терористичките акции во градот Катиф кои се поврзани со Иран, јатакувањето на екстремистите, поддршката на милитантите Хути во Јемен.

Во соопштението беше истакнато дека се забранува патувањето на граѓаните на Саудиска Арабија во Катар и нивниот престој во оваа земја, како и граѓаните на Катар во Саудиска Арабија како и транзитното користење на аеродромите.

На граѓаните на Катар кои живеат во Саудиска Арабија им беше даден рок од 14 дена да ја напуштат земјата поради безбедносни причини. Одлуката нема да влијае врз граѓаните на Катар кои ќе допатуваа за аџилак и умра.

Во соопштението на МНР на Саудиска Арабија кое целосно беше објавено од страна на официјалната новинска агенција ЕНА на Обединетите Арапски Емирати беше истакнато дека се прекинуваат сите дипломатски односи со Катар и дека на катарските дипломати им беше врачена нота во рок од 48 часа да ја напуштат земјата, додека на граѓаните на Катар им беше даден рок од 14 дена. Исто така се забранува патувањето на граѓаните на Саудиска Арабија во Катар.

Министерството за надворешни работи на Египет соопшти дека поради непријателскиот став на Катар, Египет ги прекинува дипломатските односи со оваа земја.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи на Египет беше истакнато дека Катар ја прошири идејата за Ал Каеда и ДЕАШ, ги подржува терористичките организации на Синајскиот полуостров, меѓудругото се меша во внатрешните работи на Египет и Арапските земји.

Министерството за надворешни работи на Бахреин пак соопшти дека ги прекинува сите дипломатските односи со Катар поради безбедноста на земјата. Во соопштението кое беше објавено на веб страницата на интернет на Министерството за надворешни работи на Бахреин беше истакнато дека беа повикани претставниците на сите дипломатски мисии во Доха да се вратат во земјата и дека на катарските дипломати им беше даден рок од 48 часа да ја напуштат земјата.



Слични вести