Светската здравствена организација предупредува: 532 починати од колера во Јемен
Околу 2 милиони деца во Јемен секојдневно се соочуваат со ризик од заболување од заразни билести
744541

532 лица починале од колера во Јемен ,соопшти Светската здравствена организација.
Од филијалата на Светската здравствена организација во Јемен е испратено соопштение во кое се истакнува дека од 27 април годинава до денес во Јемен биле евидентирани над 65.300 случаи на заболување од колера.
Околу 2 милиони деца во Јемен секојдневно се соочуваат со ризик од заболување од заразни билести,поради немање пристап до чиста вода за пиење и чиста храна.
Обединетите нации предупредуваат дека доколку не се преземат мерки, на Јемен му се заканува социоекономски и институционален колапс.