Путин,имаме заеднички ставови со Турција околу одредени прашања во Сирија

Ако не се согласевме со Турција за одредени клучни прашања немаше да се постигне примирје ниту пак ќе се постигнеше договор за неконфликтни зони во Сирија

744099
Путин,имаме заеднички ставови со Турција околу одредени прашања во Сирија

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека имаат заеднички ставови со Турција околу одредени прашања во Сирија.

Путин на состанок со главните уредници на меѓународни новински агенции се осврна на ситуацијата во Сирија и рече: „Ако не се согласевме со Турција за одредени клучни прашања немаше да се постигне примирје ниту пак ќе се постигнеше договор за неконфликтни зони во Сирија.“

Путин додаде дека е свесен за загриженоста на Турција во однос на терористичките организации ПЈП/ЈПГ во Сирија и дека вложуваат напори да реализираат конструктивна активност околу тоа прашање.

Претседателот Путин додаде дека е загрижен од  евентуалната поделба на Сирија.

 



Слични вести