САД тестираше интерконтинентална балистичка ракета

Пентагон соопшти дека тестирањето на интерконтинентална балистичка ракета било извршено на Маршалските острови

742670
САД тестираше интерконтинентална балистичка ракета

Во период кога зачестија  севернокорејските тестирања на интерконтинентални балистички ракети САД тестираше систем на интерконтинентална балистичка ракетна одбрана.

Пентагон соопшти дека тестирањето на интерконтинентална балистичка ракета било извршено на Маршалските острови. Ракетата била успешно пресретната и погодена од балистичка ракета истрелана од воената база Вандерберг во Калифорнија.

Во соопштението се подвлекува дека тестирањето на интерконтинентална балистичка ракета било прво вистинско лансирање на американски балистички ракетно одбранбен систем. Следењето на ракетата било реализирано преку неколку сензори на радарскиот систем Х-Бранд поставен во Пацификот.Со помош на овие податоци бил подесен контролниот механизам за стрелање на ракетата.

Директорот на американската агенција за ракетно одбранбени системи адмирал Џим Сајринг рече дека тестирањето бело неверојатно успешно изведено и дека интерконтиненталниот ракетно одранбен систем на САД има голема уога во одбраната на  американските територии. 



Слични вести