САД не се откажува од оружано снабдување на терористичката ПЈД во Сирија

Пентагон соопшти дека испратиле одредени количини на  рачни пушки, муниција и воени возила до  ПЈД/ЈПГ

742630
САД не се откажува од оружано снабдување на терористичката ПЈД во Сирија

Администрацијата во Вашингтон по се изгледа дека е решителна во одлуката борбата против терористичката организација ДЕАШ да ја вклучи исто така терористичка организација ПКК.

Пентагон соопшти дека испратиле одредени количини на  рачни пушки, муниција и воени возила до  ПЈД/ЈПГ инаку продолжени воени крила на терористичката организација ПКК во Сирија.

Портпаролот на Пентагон  мајор Адриен Ренки Геловеј на конференција за печат потврди дека биле испратени  одредени количини на  рачни пушки, муниција и воени возила до курдските елементи на Демократските сили на Сирија.

Геловеј не сакаше да каже ништо повеќе за типот и за количината на испратеното оружје.

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на овој месец издаде инструкција до Пентагон да се вооружаат ПЈД и ПКК во рамките на воена операција на Ракка.

Во меѓувреме Брет Мекгурк специјален претставник на САД за борба против ДЕАШ најави дека наскоро ќе се реализира воена операција на Ракка.Мекгурк додаде дека се приближиле на околу 2 километри до Ракка и дека ДЕАШ била поситната на терен од околу 4 квадратни километри.

 

 



Слични вести