Русија „неетички интервенираше“ врз на минатогодишните претседателски избори во САД

Некои граѓани на Америка кои учествуваа во кампањата на Трамп споделуваа информации и разузнавачки информации со Русија

738282
Русија „неетички интервенираше“ врз на минатогодишните претседателски избори во САД

Поранешниот шеф на Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Бренан рече дека Русија „неетички интервенираше“ врз на минатогодишните претседателски избори во земјата.

Бренан на седницата на Комитетот за разузнавање при Претставничкиот дом одговараше на прашањата на членовите на Конгресот во врска со руската интервенција на претседателските избори во САД.

Џон Бренан рече дека Русија пред претседателските избори во САД на 8 ноември, „неетички интервенираше“ врз претседателските избори во САД и воспостави контакти со низа личности во околината на Доналд Трамп.

Покрај нашата остра реакција и предупредување, Русија продолжи со овие активности, рече Бренан.

На едно прашање во врска со тоа дали одредени личност кои зедоа учество во кампањата на претседателот Трамп пред изборите се поврзани со Русија, Бренан одговори:

Свесен сум дека некои граѓани на Америка кои учествуваа во кампањата на Трамп споделуваа информации и разузнавачки информации со Русија. Заведувањето на овие личности од страна на Русија предизвика голема загриженост кај мене. Претпоставката дека Русија може да воспостави соработка со овие индивидуи предизвика низа прашања во мојата глава, но за жал денес не можам да кажам ништо конкретно во врска со тоа дали Русија успеа во тоа., рече Бренан.



Слични вести