Секоја земја апсолутно треба да се бори за уништување на тероризмот на нејзина територија

Трамп говореше на Самитот САД- Арапски и Муслимански земји што се одржа во Ријад главен град на Саудиска Арабија.

736498
Секоја земја апсолутно треба да се бори за уништување на тероризмот на нејзина територија

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Иран шири хаос и уништување на Блискиот исток.

Трамп говореше на Самитот САД- Арапски и Муслимански земји што се одржа во Ријад главен град на Саудиска Арабија.

Самитот се одржа во меѓународниот конгресен центар Крал Абдулазиз.

Во говорот претседателот Трамп рече: Тука сме за да презентираме приврзаност кон заеднички вредности и интереси. Заради надминување на ултра струите на Блискиот исток САД се заоложија за меѓународна коалиција.САД ќе тргнат во потрага по нови партнери но и ќе ги зајакнат постојните односи со сегашните партнери. Борбата против тероризмот треба да се свати како борба меѓу добрите и лошите а не борба меѓу различните вери.Секоја земја апсолутно треба да се бори за уништување на тероризмот на нејзина територија.Со векови на Блискиот исток живеат Христијани,Муслимани и Евреи,така треба да биде и во иднина и тоа со меѓусебно почитување и со меѓусебна толеранција.

Доналд Трамп апелира до сите земји во светот да се престане со воените судири во Сирија, да се воспостави мир на Блискиот исток и од корен да се уништи терористичката организација ДЕАШ.

Самиот ирански народ е жртвата на офанзивната иранска политика.Иранскиот народ кој се соочува со големи проблеми ја губи сета своја надеж благодарение на нивните лидери кои несовесно трагаат по конфликти и војни.А што се однесува до Бешар Асад тој со поддршката на Иран изврши толку големи злосторства во сопствената земја Сирија што просто не може да се опишат.

Претседателот Трамп во продолжение рече: Режимот во Иран го предводи глобалниот тероризам,шири уништување и хаос.

Реакцијата на официјален Техеран не задоцни. Министерот за надворешни работи Џевад Зариф преку својот профил на социјалните мрежи му оодговори на претседателот Доналд Трамп.

Зариф ја сподели следната порака „  Иран само што зад себе остави вистински избори, а ете веднаш е нападнат од страна на американскиот претседател,чија земја се смета за лулка на демократијата.“

 

 

 



Слични вести