Еврејските доселеници извршија напад на едно палестинско село во Израел

Во нападот на еврејските доселеници беше повреден еден палестински активист

736567
Еврејските доселеници извршија напад на едно палестинско село во Израел

Во нападот на еврејските доселеници врз едно палестинско село во Израел беше повреден еден Палестинец.

Група  еврејски доселеници изврши напад на палестинското село Бурин на градот Наблус на северните предели на Западниот брег.

Во нападот на еврејските доселеници беше повреден еден палестински активист, додека возилото на еден друг активист беше оштетено.

Повремено меѓу жителите на селото Бурин и еврејските доселеници чии станбени објекти се наоѓаат во опкружувањето на селото се случуваат судири.

Еврејските доселеници во претходните напади на селото на Палестинците во околината на Наблус ги опожарија возилата на Палестинците, додека во минатонеделниот оган што го отворија врз Палестинците кои одржаа протестен митинг во знак на солидарност со палестинските затвореници, загина еден Палестинец.



Слични вести