Продолжуваат реакциите против изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп

Последните денови имаме можност да видиме дека во САД се развива одредена политичка шизофренија

734593
Продолжуваат реакциите против изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп

Продолжуваат реакциите против изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека на средбата со рускиот министер за надворешни работи биле споделени некои многу тајни документи.

По средбата со италијанскиот премиер Паоло Џентилони во Сочи, рускиот претседател Владимир Путин на заедничката прес конференција рече:

Последните денови имаме можност да видиме дека во САД се развива одредена политичка шизофренија. Впрочем не може на некој друг начин да се објаснат обвинувањата насочени против изјавата на Трамп кој рече дека биле споделени некои тајни документи.

Рускиот лидер одвлече дека се спремни да ја достават содржината на разговорот меѓу Лавров и Трамп до американскиот Сенат.

На почетокот на информациите дека Русија интервенирала на претседателските избори на 8 ноември во САД навистина сметавме дека тоа е многу комично. Но денес за жал согледуваме дека реакциите се искачија на ниво кое предизвикува загриженост. Не можеме да претпоставиме какви се глупости ќе можат да измислат луѓето кои ги изнесоа досегашните, рече Путин.

САД, реториките против Русија ги употребува во внатрешната политика и тоа е многу опасно, предупреди Путин.

На минатонеделниот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров беа изнесени тврдењата дека биле споделени многу тајни документи во врска со терористичката организација ДЕАШ.

Во пораките преку профилот на социјалните мрежи, Трамп ги потврди тврдењата дека тајните документи и информации кои пристигнаа од Израел во врска со терористичката организација ДЕАШ ги споделил со рускиот министер Лавров.



Слични вести