Вела, Турција стратегиски партнер на ЕУ

На министерскиот самит на ЕУ што се одржа во Малта на 28 април годинава унијата ја изрази својата желба за отворени канали со Турција.

730781
Вела, Турција стратегиски партнер на ЕУ

Привремениот председавач со ЕУ министерот за надворешни работи на Малта Џорџ Вела истакна дека Турција е стратегиски партнер на Европската унија.

Во изјава за новинската агенција Анадолија, Џорџ Вела рече дека турскиот народ ќе одлучи за иднината на одниосите на Турција со ЕУ бидејќи тоа произлегува од суверенитетот на турскиот народ.

Вела додаде дека на министерскиот самит на ЕУ што се одржа во Малта на 28 април годинава на која учествуваше и министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу, унијата ја изрази својата желба за отворени канали со Турција. Вела додаде дека отворени за дискусија се прашањата за преговори со Турција.

Вела во продолжение рече дека за жал одредени одлуки им наштетија на односите меѓу унијата и Турција, но сепак треба да се истакне дека меѓу унијата и Турција постојат јаки врски.

Турција е важен стратегиски партнер на Европската унија така да сметам дека проблемите треба да ги решаваме по дипломатски пат. подвлече  Џорџ Вела.

 



Слични вести