Трамп рече дека ќе го разрешел директорот на ФБИ и без препораката на Министерството за правда

Коми должноста не ја вршеше како што треба, рече Трамп

730979
Трамп рече дека ќе го разрешел директорот на ФБИ и без препораката на Министерството за правда

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе го разрешел директорот на Федералното истражно биро (ФБИ) и без препораката на Министерството за правда.

Во интервјуто за американскиот „NBC“ ТВ-канал, претседателот Трамп одговараше на прашањата во врска со разрешувањето на Џејмс Коми од функцијата.

Трамп рече дека уште од порано размислувал да го разреши Коми бидејќи должноста не ја вршел како што треба.

И да не беше препораката на Министерството за правда јас бев решил да го разрешам Коми, рече Трамп.

Мојата доверба кон Коми се намали и во текот на овој процес ФБИ помина низ тежок период и се соочи со големи проблеми, поради што уште еднаш ја повтори решителноста за разрешувањето на Кони.

Џејмс Коми беше личност кој уживаше во шоуто и играше на трибините, додека ФБИ поминуваше низ период на превирања, рече Трамп.

Трамп во продолжение рече дека во една прилика го прашал Коми: „Дали ФБИ спроведува истрага против него?“, на кое прашање го добил одговорот дека ФБИ не спроведува истрага.

Доналд Трамп меѓудругото рече дека не извршил притисок врз ФБИ за затворање на истрагата која започнала поради наводните тврдења дека за време на изборната кампања имал поврзаност со Русија.

Ако Русија навистина нешто направи, јас сакам да го знам тоа, рече Трамп.

Од друга страна пак, Ендрју МекКаб кој беше именуван за привремен директор на ФБИ, спротивно на изјавата на Трамп и соопштението на белата куќа дека Исчезнала довербата во Кони, пред на Комитетот за разузнавање ја даде следната контрадикторна изјава:

ФБИ не ја изгуби довербата во Коми и поголемиот дел од вработените во бирото се длабоко и позитивно поврзани кон директорот Коми. Јас лично чувствувам голем респект кон Кони, рече МекКаб.

Во врска со тврдењата за поврзаноста меѓу Трамп и Русија, МекКаб рече дека истрагата ќе продолжи.



Слични вести