Се намали бројот на децата без придружба кои аплицираа за заштита во ЕУ

68 насто од децата кои аплицираа се наоѓаа на 16 и 17 годишна возраст.

730570
Се намали бројот на децата без придружба кои аплицираа за заштита во ЕУ

Бројот на децата без придружба кои лани аплицираа да се засолнат во ЕУ во споредба со 2015 се намали за една третина.

Според податоците на Европската агенција за статистика (ЕУРОСТАТ), лани во земјите членки на ЕУ со барање меѓународна заштита и засолнување аплицираа 63 300 деца без придружници.

89 насто од овие деца беа машки.

Гледано од аспект на возраста 68 насто од децата кои аплицираа се наоѓаа на 16 и 17 годишна возраст.

38 насто од апликантите по потекло беа од Авганистан, 19 насто од Сирија.

Според податоците на ЕУРОСТАТ, прва земја за избор на децата децата бегалци без придружници беше Германија, втора Италија, трета Австрија, четврта Англија.



Слични вести