САД ја прифаќа загриженоста на Турција

САД никогаш не им даде оружје на сепаратистичко-терористичлата организцаија ПКК

730758
САД ја прифаќа загриженоста на Турција

Американскиот министер за одбрана Џим Матис средбата со премиерот Бинали Јилдирим во Лондон ја оцени за искрена, транспарентна и корисна.

Џим Матис во американскиот воен авион одговараше на прашањата во врска со средбата со премиерот Бинали Јилдирим.

Матис рече дека ја прифаќаат загриженоста на Турција во врска со американската помош во оружје на терористичката организација ПКК/ПЈД и дека ја поддржуваат борбата на Турција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Матис во продолжение рече дека САД и Турција ќе изнајдат начин да го надминат овој проблем и дека не се сомнева дека со придавање на потребното значење на безбедноста на Турција и НАТО како и борбата против терористичката организација ДЕАШ ќе ги надминат проблемите.

Министерот Матис го изнесе тврдењето дека САД никогаш не им даде оружје на сепаратистичко-терористичлата организцаија ПКК и нема да и даде.

На средбата на американскиот министер за одбрана Матис со премиерот Бинали Јилдирим во Лондон каде што се состанаа во рамките на конференцијата за Сомалија што се одржа под покровителство на Англија и ОН беше потврдена поврзаноста на САД кон НАТО за заштита на сојузничка Турција.



Слични вести