САД покрај сите предупредувања продолжува со воената поддршка на сириската фракција ЈПГ

САД на Турција и даде гаранција во врска со безбедносните ризици

729579
САД покрај сите предупредувања продолжува со воената поддршка на сириската фракција ЈПГ

САД покрај сите предупредувања продолжува со воената поддршка на сириската фракција ЈПГ на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Администрацијата на Белата куќа го одбори предлогот за снабдување со тешко оружје на ЈПГ.

На тој начин американскиот претседател Доналд Трамп го власти Пентагон да ја наоружи терористичката организација ЈПГ.

Веднаш по оваа одлука, американските власти свесни за острата реакција која што ќе ја покаже Турција почнаа да објавуваат изјави и соопштенија.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер рече дека на Турција и дале гаранција во врска со безбедносните ризици.

Спајсер рече: Свесни сме за безбедносната загриженост на коалиционите партнери во Турција. На турскиот народ и владата сакаме да им ја дадеме гаранцијата на САД во врска со спречувањето на дополнителните ризици и зачувување на сојузништвото во НАТО.

Во писменото соопштение на Пентагон во врска со прашањето беа употребени слични изрази.

Врз база на сите овие случувања, вниманието на јавноста се насочи кон претстојната средба на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп планирана за 16 мај.



Слични вести