Доналд Трамп го разреши Џејмс Коми, директорот на ФБИ

Поранешниот директор на ФБИ Коми, водеше истрага во врска со поврзаноста на изборната кампања на Трамп со Русија

729790
Доналд Трамп го разреши Џејмс Коми, директорот на ФБИ

Американскиот претседател Доналд Трамп го разреши Џејмс Коми, досегашниот директор на Федералното истражни биро (ФБИ).

Во соопштението кое беше објавено од страна на Белата куќа беше истакнато дека на препорака на министерот за правда Џеф Сешнс и заменик министерот Род Росенстајн, Коми беше разрешен од функцијата.

Трамп во образложението за разрешувањето на Коми од функцијата истакна дека не можел да управува со организацијата.

Џејмс Коми за веста за разрешувањето дознал од телевизија.

Поранешниот директор на ФБИ Коми, водеше истрага во врска со поврзаноста на изборната кампања на Трамп со Русија како и скандалот во врска со електронската пошта на Хилари Клинтон.

Министерството за правда соопшти дека Коми со дискутирањето на скандалот во врска со електронската пошта на Клинтон пред јавноста, се однесувал противно на принципите и процедурите на министерството.

Џејмс Коми кој минатата недела одговараше на прашањата на сенаторите во врска со истрагата на американскиот Сенат, за директор на ФБИ беше именуван во септември 2013 година од страна на тогашниот претседател Барак Обама.

Демократската партија соопшти дека на чело на истрагата која се води во врска со евентуалната интервенција на Русија на претседателските избори кои се одржаа на 8 ноември треба да се именува независен специјален јавен обвинител.



Слични вести