Уште една скандалозна одлука на Швајцарија
Швајцарија која во секоја прилика излегува во пресрет и ја поддржува терористичката организација ПКК предизвика уште еден скандал

Швајцарија која во секоја прилика излегува во пресрет и ја поддржува терористичката организација ПКК предизвика уште еден скандал.
Властите на Берн каде на 25 март годинава за време на демонстрации беше обесена плаката со ликот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и полна со навреди на неговата личност, после спроведена полициска истрага одлучиле дека на митингот немало повреда на законот за протести и дека нема потреба од казнување на организаторите на митингот.
Полициската инспекција на Берн соопшти дека нема да се покрене било каква истрага за организаторите на митингот на 25 март годинава во градот и дека предметот е затворен.
Министерството за надворешни работи на Република Турција по тој повод го повика амбасадорот на Швајцарија во Анкара и го извести дека Турција бара од надлежните власти во Швајцарија итно да се преземат судски мерки.