Муслиманите во Франција му честитаа на Емануел Макрон на победата

Макрон ветува иднина базирана на братсво и на солидарност меѓу сите граѓани на Франција без разлика на нивната вера и потекло

Муслиманите во Франција му честитаа на Емануел Макрон на победата

Аноар Кбибех претседател на Исламскиот Совет на Франција му упати честика на Емануел Макрон лидер на либералите на неговата победа на вториот круг на претседателските избори што се одржа вчера.

Кбибех преку својот профил на социјалните мрежи го напиша следното : Како Исламски Совет на Франција му честитаме на Макрон на победата .Сметаме дека победата на Макрон и неговиот избор за иден претседател на Франција ветува иднина базирана на братсво и на солидарност.

Далил Бубакер управникот на џамијата во Париз исто така се огласи преку социјалните медиуми и му честита на Емануел Макро. на победата во трката за претседател на Франција.Тој во пораката напиша дека изборниот резултат беше најдобриот одговор на сите средини кои сакаат да ја поделат Франција на верска основа. Макрон се претвори во надеж за сите Муслимани во Франција,подвлече Бубакер.

Управникот на џамијата во Лион  Камал Кабтан исто така му испрати честитка на Емануел Макрон. Кабтан изрази надеж дека новиот претседател на Франција ќе следи политика на обединување на сите луѓе кои живеат во Франција без разлика на нивната вера и потекло.

Претседателот на Друштвото на Муслиманите во Франција Амар Ласфар објави писмено соопштение по повод победата на Емануел Макрон за претседател на Франција. Во соопштението Ласфар изразува задоволство од изборот на Макрон за претседател на Франција и изразува надеж дека Макрон ќе се залага за социјално помирување, братство ,слобода и еднаквост за сите грааѓани во Франција.

 



Слични вести