Средба Лавров -Тилерсон идната недела во Вашингтон

Шефовите на дипломатиите на САД и на Русија Текс Тилерсон и Сергеј Лавров на состанокот ќе имаат единствена точка на дневниот ред, Сирија

726624
Средба Лавров -Тилерсон идната недела во Вашингтон

Михаил Богданов помошник руски министер за надворешни работи соопшти дека идната недела во САД ќе се одржи средба меѓу шефовите на дипломатиите на САД и на Русија Текс Тилерсон и Сергеј Лавров со единствена точка на дневниот ред Сирија.

Тилерсон и Лавров пред неколку дена реализираа телефонски разговор кој што исто така беше посветен на Сирија и на намалувањето на тензиите во оваа земја,воедно и се договорија да се состанат на министерскиот состанок на Арктичкиот Совет што е свикан за 10 и 11 мај во Аласка.

Русија како една од земјите гаранти за примирјето во Сирија,заедно со Турција и Иран вчера потпиша договор за воспоставување на безбедна зона во Сирија.

Во меѓувреме пристигна изјава од министерот за надворешни работи Лавров дека е убеден во тоталното уништување на ДЕАШ.

Лавров во интервју за ТВ Мир рече :За жал терористичката организација ДЕАШ не се стационира само во Блискиот исток и Северна Африка, освен тоа нивните припадници не сакаат да се предадат. Секако дека ќе ги уништиме“.

 

 



Слични вести