Протести во Франција пред вториот круг на претседателските избори

Само два дена пред одржувањето на вториот круг од претседателските избори во Франција се претвори во сцена на протести и судири на демонстрантите со полицијата

Протести во Франција пред вториот круг на претседателските избори

Само два дена пред одржувањето на вториот круг од претседателските избори во Франција се претвори во сцена на протести и судири на демонстрантите со полицијата.

Демонстрантите во Париз протестираат против двајцата кандидати за претседател на Франција кои ќе ги одмерат силите на 7 мај во недела на вториот круг од изборите Емануел Макрон и Марин ле Пен.

Демонстрантите ги претворија париските улици во бојно поле.

Полицијата применува брутални мерки кон демонстрантите.

Ле Пен доживеа непријатно изненадување во Бретонја каде група од околу 50 демонстранти и фрлаа расипани јајца.Таа потоа рече дека тоа се ултра леви средини кои допатувале од Рен.Треба да се забранат и затворат.

Во меѓувреме поранешниот американски претседател Барак Обама преку видео порака рече дека го поддржува Емануел Макрон за иден претседател на Франција. Обама во видеото рече:  Кампањата на Макрон претставува визија за важната улога на Франција и Европа.Тој нуди подобра иднина за францускиот народ.Тој ги храни надежите на луѓето а не нивните стравови.Сакам да знаете колку овој избор е важен , воедно и да ви кажам дека јас го поддржувам Макрон“ истакна Обама.

 

 



Слични вести